почуствувајте брзина, моќ, стабилност и инстант поддршка

Најава

Пребарај

Cart 0 0ден

Looking for a Specific Product?

Shared хостинг

entry level hosting

Entry Level 99

Стартер пакет со вклучена лиценца за DIVI и вклучени готови темплејти за брз старт на вашата веб страна.

Average Level

Одличен избор за лични и бизнис портфолиа, веб страни со просечна оптовареност и за учење / тестирање.

Business level

Ваша обврска е вашиот напредок. Наша обврска е комплетно да ве поддржиме во тоа.

VPS понуда

Hybrid SX2

4CPU, 8GB RAM, 200GB SSD
Virtualmin/ Webmin/ Usermin
SSH / FTP
1 x дедицирана IP адреса

Hybrid SX3

6CPU, 16GB RAM, 400GB SSD
Virtualmin/ Webmin/ Usermin
SSH / FTP
1 x дедицирана IP адреса

Hybrid SX4

8 CPU, 60GB RAM, 800GB SSD
Virtualmin/ Webmin/ Usermin
SSH / FTP
1 x дедицирана IP адреса

Контакт

Контакт

емаил, тикет систем, социјални мрежи

Hybrid X

XX CPU, XXXGB RAM, XXTB SSD
Virtualmin/ Webmin/ Usermin
SSH / FTP
Дедицирани X x IP адреси

Понуда креирана според бараните потреби.

hybrid hosting

ДОГОВОР И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Внимателно прочитајте ги условите за користење на нашите услуги. Со купување на било која услуга признавате дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате со сите услови и правила наведени подоле, во нив се објаснети и истакнати вашите права, обврски и ограничувања.

Дефиниции и воведни термини – Страните наведени во условите за користење се дефинирани како што следува:

  • Hybridhosting.mk (“HybridHosting”) е трговско име на Entrepreneur Business Solutions Ltd, коja е приватна компанија, инкорпорирана во Англија, во Велика Британија во Секретарот на компании за Англија и Велс, регистарски број 11431181.
  • HybridHosting е издавач и оператор на hybridhosting.mk („Веб-страницата“) со кој HybridHosting дава одредени услуги за веб-хостинг („Услугите“). За целите на овој договор за услуги („Договорот“), кога ќе се наведе „Сајт“, „Вебстрана“ или „Услуги“, таквото наведување ги вклучува сите софтвер, хардвер и мрежни ресурси потребни за обезбедување на наведената услуга и / или веб-страница.
  • Кога заменките за прво лице се користат во условите за користење, како на пример; „Нас“, „Ние“, „наш“, „нашиот“, итн., се повикуваме на „Хибрид хостинг“. Вие, Клиентот, корисникот на веб-страницата или услугите, ќе бидете наведени како заменки на второ лице, како што се „Вие“, „Твое“, „Твои“, „Ваши“, „Вашите“, итн.

1. Приватност

ХибридХостинг (во понатамошниот текст ХХ) ги собира личните податоци за своите корисници во согласност со Законот за заштита на лични податоци и останатите важечки регулативи во Англија, Велика Британија. Вашите лични податоци се строго доверливи, истите нема да бидат неовластено заменети, злоупотребени или дадени на трети лица. Единствен случај на пренос на личните податоци на корисниците на УХост на трети лица е при непочитување на законските одредби и при исполнување на барањата на надлежните институции (адвокат, нотар, суд, извршител и др.) и во постапки утврдени со закон.

Вработените на ХХ, се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со личните податоци на своите корисници како кон информации со доверлива природа.

2. Сигурност на податоците

ХХ ги превзема сите пропишани организациски, административни, технички и физички мерки за заштита на личните податоци се со цел да се спречи загуба, кражба, злоупотреба на личните податоци. ХХ може да изврши промена на полисата за приватност.

3. Валидни информации

При нарачка на нашите услуги должни сте да доставете валидни, точни податоци за вас. Доколку дојде до промена на податоците кои се евидентирани кај нас, вие обврзани сте да не известете за настанатата промена или истите сами да ги променете во вашиот кориснички налог за клиенти. Валидните податоци се од голема важност за да се избегне злоупотреба на вашиот кориснички налог од страна на трети лица. Сите барани промени се процесираат од страна на ХХ по пристигнато барање за промена и истото потребно е да се испрати на маил од официјалната емаил адреса која е заведена за контакт.

4. Тест период

ХХ на сите заинтересирани потенцијални клиенти може да им обезбеди тест период за хостинг пакетите кои ги нуди. Тест периодот е во времетраење од 7 дена и истиот може да се пролонгира доколку клиентот има барање за пролонгирање и реални причини за потребата од подолг тест период.

5. Нарачки и нов акаунт

Известување за успешно завршената нарачка по систематизиран пат се испраќа на емаил адресата која е наведена како емаил за контакт. По добивањето статус наш клиент ви испраќаме инструкции за користење на услугите како и корисничко име и лозинка кои треба да ги чувате доверливо и кои не треба да ги споделувате со трети лица за да не дојде до злоупотреба на услугата. Доколку повеќе лица имаат пристап до хостинг акаунт за одговорен ќе се смета она лице кое е заведено како лице за контакт. Доколку забележете сомнителни активности поврзани со вашиот акаунтот потребно е веднаш да не известете по емаил на нашата маил адреса: [email protected]

6. Содржина и обврски на клиентот

Како клиент на ХХ се обврзувате дека нема да објавувате порнографска содржина, нелегална содржина, расистички, насилни, злобни и непристојни содржини како и навреда на одредена религија, терористичка содржина, класифицирани доверливи информации и документи ( согласно Законот за класифицирани информации на РМ), сродни веб сајтови на терористичка мрежа, содржина која ги нарушува авторските права. Се обврзувате при поставување на податоци на серверите на ХХ во обзир да ги земете законите на Англија, Велика Британија: локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитувате како и Законот за Класифицирани информации. Доколку податоците/содржините на вашиот хостинг акаунт се спротивни и не го почитуваат Законот на Англија, Велика Британија, вие сами ја сносите одговорноста за настанатата ситуација. Се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови, скрипти или друг вид на софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверск грешки, намалување на брзината на работење на серверот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на серверите на ХХ. При затекнување на некоја од горенаведените содржина клиентот се обврзува истата да ја отстрани во најбрз временски период, доколку таквата содржина не ја отстрани во дадениот временски период ХХ го задржува правото да го деактивира или избрише акаунтот без претходно известувања. Вие во никој случај нема да го сметате ХХ за одговорен за настанатата ситуација.

7. Безбедност и заштита на серверите

ХХ се грижи за максимална заштита и безбедност на серверот и делумно за заштита на сајтовите кои се хостираат на него. Клиентот е должен сам да го оддржава и надоградува сајтот со понови верзии на софтвер врз кој е базиран самиот сајт. Во случај на хакерски напад на самиот сајт клиентот е должен сам да го реши и отстрани проблемот. ХХ може но не е должен да го реши и отстрани проблемот на сајт што е предизвикан од страна на трети лица. ХХ не нуди заштита од DDOS напади со што во случај на прекинн на сервисите поради DDOS напад ХХ не се смета за одговорен. Во случај DDOS нападот да биде насочен кон одреден корисник ХХ има право истиот корисник да го одстрани од сопствените сервери без претходна најава. Во било кој случај ХХ е расположен да помогне на секој можен начин, во зависност од услугата која ја имате закупено имате и бесплатна подршка (контактирајте не за детали). ДДОС дедицирана заштита исто така е можна со одреден паричен надомест (контактирајте не за детали).

8. Backup и заштита на податоци

ХХ користи посебни Backup сервери на кои се креираат автоматски дневни, неделни и месечни верзии на податоците од веб хостинг акаунтите. Во случај на хакирање на сајтот, проблем со malware, ненамерно бришење или проблем од хардверска може по барање на клиентот да се обезбеди враќање на податоците од backup серверот или да се достави линк клиентот да преземи бекап од своите податоци, со оглед дека се работи за автоматски систем за бекап ХХ неможе да гарантира за содржината на вратените податоци и нивната исправност. Строго задолжително им препорачуваме на клиентите сами да си генерираат и превземаат локално backup од своите податоци. Секој клиент на хостинг акаунт и реселлер акаунт има можност преку контролниот панел во секое време да генерира и преземи комплетен бекап од своите податоци. ХХ не генерира автоматски бекап од ВПС и Дедицираните сервери доколку истото не е постигнато со посебен договор.

9. Враќање на податоци од Backup сервер

Доколку хостинг акаунтот е деактивиран поради неплатена сметка и клиентот сака да ги превземе податоците ХХ ја нуди таа опција. По истекот на уплатениот период податоците се чуваат на сервер 30 дена. Доколку во првите 14 дена клиентот побара превземања на податоците и трансфер на друг сервер, не на серверите на ХХ истиот е должен да плати 2000ден, додека клиентот побара превземање на податоците и истите да останат хостирани на некој од серверите на ХХ должен е клиентот да плати 1000ден. податоците се враќаат по забележаната уплата. По истекот на 30-тиот ден доколку клиентот побара превземање на податоците услугата чини 3000ден без разлика дали податоците се трансферираат на друг сервер или остануваат на серрверите на ХХ. ХХ не гарантира за состојбата на податоците исто уплатените средства не се рефундираат.

10. Виши сили

Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на договорените страни, чие настапување не можело да се спречи или предвиди и поради кое исполнувањето на обврските станало отежнато или невозможно, природни или општествени настани/катастрофи, акти на јавната власт. Во случај на виши сили, хаварија ( пожар, поплави, терористички напади итн…) каде последиците се губење на податоци хостирани на серверите на ХХ, ХХ не одговара за губењето на податоците хостирани на тие сервери. Поради тоа строго се препорачува самите клиенти да си прават backup на своите податоци.

11. Хардверски проблем

Во случај на хардверски дефект/проблем со ( RAM, CPU, HDD) на серверите каде се хостирани податоците, ХХ се обврзува во периодот од 1 до 7 работни денови да го отстрани дефектниот дел и замени со нов исправен. Доколку се увиде дека проблемот е лоциран во хардискот, истиот се заменува и се враќаат податоците за кои имаме backup кој е генериран по автоматизиран пат но ние не гарантираме за податоците и нивната исправност вратени од backup серверот.

12. Штети настанти поради недостапност сервер

ХХ не сноси одговорност за било какви штети (материјални/нематеријални) претрпени на вашиот бизнис поради проблем со вашата апликација хостирана на нашите сервери или поради привремена недостапност на некој од серверите.

13. Заштита на податоци

ХХ користи RAID 10 заштита на податоци на Linux хостинг платформата. ХХ прави дополнително offline неделен backup како дополнителна заштита доколку дојде до губење на податоците. Но сепак ХХ НЕ Е одговорен за изгубените податоци, поради погрешен backup или пак доколку воопшто не сте направиле backup на вашиот сајт.

14. Преоптеретувања

Секој веб сајт троши ресурси како што се процесор, меморија, мрежни ресурси. Не толелираме злоупотреба, надминување односно оптеретување на ресурсите на серверот од страна на еден акаунт во однос на останатите акаунти на истиот сервер. Ресурсите на еден хостинг (доколку немате закупено дедицирани ресурси) сервер мора да бидат распоредени за сите корисници еднакво, така што се ограничува користењето на процесорот и рам меморијата. Прекумерното користење на процесорот и меморијата на еден или повеќе корисници доведува до екстремно забавување на сервисите. Доколку дојде до оптеретување на серверот од страна на еден акаунт истиот акаунт може да биде деактивиран без претходно известување. Нашиот технички тим може но не е обврзан да помогне во одстранување на проблемот со сајтот кој го оптеретува серверот. Доколку сепак одреден акаунт има потреба од повеќе ресурси како што се рам и процесор тогаш неопходно е да се надогради до ВПС или Дедициран сервер односно до пакет кој нуди гарантирани ресурси на рам и процесор. Ограничувања:

• Еден хостинг акаунт несмее да надминува искористување на рам меморијата повеќе од 7%
• Не се дозволува надминување на оптеретеноста на процесорот над 10% по хостинг акаунт
• Apache конекциите се лимитирани на максимални 30 конекции во секунда
• 15 MySQL конекции е дозволениот максимум
• Поради заштита од спамирање поставен е лимит од максимален број на 250 испратени е-маил пораки во рок од еден час

Овие ограничувања НЕ ВАЖАТ за ВПС и ДЕДИЦИРАНИТЕ серверите! Дополнително постојат и останати исклучоци од овие правила!

15. Надминувања

Хостинг пакетите се креирани така да имаат доволни ресурси и да одговараат на потребите и барањата на клиентите. Сепак може да се случи да дојде до целосно искористување на веб просторот или месечниот сообраќај согласно вашиот пакет. Кога искористувањето на веб просторот или месечниот сообраќај е поголемо од 80% на маил ќе добиете известување за искористеноста. Доколку целосно го искористете дозволениот веб простор или месечен сообраќај ХХ може да го суспендира вашиот акаунт. Доколку го искористете целосно вашиот месечен сообраќај пред истекот на тековниот месец вашиот сајт ќе биде недостаен до 01 наредниот месец кога мерачот за сообраќај ќе се ресетира. За Дедицираните сервери по надминување на месечниот сообраќај се доплаќа дополнително за секој потрошен 1GB на сообраќај. Цената за доплата е во зависност од локацијата каде е поставен дедицираниот сервер. Корисникот е должен навреме да се информирам за цената на надминатите GB сообрќај за дедицираните сервери.

16. Спам

ХХ забранува секаков вид на спамирање, испраќање голем број на несакaни е-маил пораки. Строго забрануваме испраќање на е-маил пораки кои содржат расистичка, криминалистичка, терористичка, напаѓачка и навредлива содржина. Доколку се забележи спамирање истиот акаунт веднаш ќе биде деактивиран без претходно известување и без рефундирање на уплатените средства.

17. Процес на регистрација на домени

Доколку доменот кој сакате да го регистрираме е слободен потребно е да се генерира онлајн нарачка за регистрација, при нарачката задолжително мора да внесете валидни податоци за вас.
– Домените се активираат по забележаната уплата.

Во случај кога доаѓа до спор помеѓу трето лице и корисникот на доменот ХХ не сноси одговорност, може да помогне или ги упатува клиентите кон решавање на спорот. По истекот на уплатениот период доменот може да биде исклучен без претходно известување и слободен за регистрација за други лица. 

18. Уплата и активирање на хостинг пакетите

Акаунтите се активираат веднаш по успешно завршената нарачката и завршената уплата, сите потребни информации за користењето на акаунтот се доставуваат на емаил адресата наведена како емаил за контакт. 

19. Уплата за VPS, Dedicated Servers, Лиценци, Менаџмент и нивно сетирање

Уплата за VPS, Dedicated Servers, Лиценци, Менаџмент и нивно сетирање – Лиценците за софтвер, Виртуелните Сервери, Дедицирани Сервери се активираат исклучиво по забележаната уплата и претходен договор за услугата која ви е потребна. Активацијата на горенаведените услуги е различна. Инсталацијата на софтверот како и сетирањето на ВПС серверите започнува по забележаната уплата и трае од 6 до 24 часа во зависност од софтверот кој се инсталира. Доколку клиентот нема менаџмент од ХХ тој е должен сам да го конфигурира серверот во зависност од неговите потреби. ХХ обезбедува само root пристап и може да реши проблеми исклучуво поврзани со хардвер и мрежа или проблем со оперативнот систем. За проблеми од софтверска природа клиентот истите ги решава сам. При нарачката клиентот сам одлучува кои услуги ќе ги користи/нарача. Овие услуги се договараат посебно, и се custom решенија после детална комуникација и анализа на потребите.

20. Полиса за рефундирање

Проблеми поврзани со хостинг акаунтот или серверот клиентот е должен да ги пријави до техничкиот оддел на ХХ. Во рок од 7 по активирањето на нарачката доколку клиентот забележи проблеми со хостинг акаунтот должен е за истиот да го извести техничкиот оддел на ХХ на маил адресата [email protected]. Доколку во рок од 48 часа проблемот не биде решен од страна на ХХ истиот клиент има можност да побара рефундирање на уплатените средства. Можноста за рефундирање се однесува за сите пакети.

21. Обнова на пакет

Доколку од било која причина сакате да ја откажете нашата услуга должни сте да не известите за тоа најмалку 7 дена пред истекот на услугата. Доколку не не известите а сакате да ја откажете услугата но времето за откажување е изминато тогаш должни сте да се изврши уплата за нејзино продолжување. Уплатата за обнова на услугата се врши пред истекот на уплатениот период. Уплатата за обнова може да ја извршите до или на самиот ден кога истекува услугата. Доколку во наведениот период не се изврши уплата услугата ќе биде откажана/деактивирана а податоците избришани.

22. Обнова за VPS, Dedicated сервери

Дедицираните и Виртиелните сервери се откажуваат со испраќање на маил од официјалната е-маил адреса наведена како маил за контакт. Барањето за откажување мора да се испрати 15 дена пред истекот на датата на услугата во спротивно мора да се изврши уплата за наредниот месец. За обнова на Дедицираните и Виртуелните сервери постојат строги правила. Уплатата е во принцип на припејд со тоа што клиентот е должен да изврши уплата најдоцна два дена пред истекот за уплатениот период или пред датата за истек на услугата. Доколку во предвидениот период не пристигне уплата серверот автоматски се деактивира како и сите податоци на него се бришат. Ухост во никој случај нема да го сметате за одгововрен заради деактивирање на серверот ако причината е неплатена сметка.

23. Техничка поддршка

ХХ на своите клиенти им нуди техничка поддршка 24 часа во денот 7 дена во неделата. Техничкиот оддел можете да го контактирате на маил и преку тикет системот. Сите наши контакт информации може да ги погледнете на следниот линк: https://hybridhosting.mk/contact

За нарачан ВПС или Дедициран сервер со вклучен менаџмент клиентот добива поддршка за инсталација, конфигурација, оптимизација на серверот, инсталација на контролен панел, Apache, Nginx, MySql итн. ХХ може во одредени ситуации да помогне но не гарантира за решавање на проблеми поврзани со самиот сајт или апликацијата хостирана на серверот нарачан од ХХ. При нарачката клиентот е запознает со ресурсите кои ги нуди серверот, доколку дојде до искористување на ресурсите заради преоптеретување клиентот нема да го смета ХХ виновен за недостапноста на сајтот или апликацијата. Должен е истиот да поработи на проблемот и да го реши истиот, техничарите може да помогнат при решавање на проблемот но истите не гарантираат за соодветно решение.

24. Измени

ХХ има правото да ги измени, додаде, избриши одредени одредби од условите за користење без за тоа да бидат известени корисниците. Доколку се променат условите корисникот треба да ги прифати новите услови или пак да се придржува на претходните се додека не истече уплатениот период. ХХ без да ги извести корисниците може да ги суспендира, исклучи или ги ограничи корисниците кои нема да се придржуваат кон условите за користење или некои од законите. ХХ може да изврши промена на цените на услугите за обнова и регистрација без претходно известување.

X
My cart
Your cart is empty.

Looks like you haven't made a choice yet.