почуствувајте брзина, моќ, стабилност и инстант поддршка

Најава

Пребарај

Cart 0 0ден

Looking for a Specific Product?

Shared хостинг

entry level hosting

Entry Level 99

Стартер пакет со вклучена лиценца за DIVI и вклучени готови темплејти за брз старт на вашата веб страна.

Average Level

Одличен избор за лични и бизнис портфолиа, веб страни со просечна оптовареност и за учење / тестирање.

Business level

Ваша обврска е вашиот напредок. Наша обврска е комплетно да ве поддржиме во тоа.

VPS понуда

Hybrid SX2

4CPU, 8GB RAM, 200GB SSD
Virtualmin/ Webmin/ Usermin
SSH / FTP
1 x дедицирана IP адреса

Hybrid SX3

6CPU, 16GB RAM, 400GB SSD
Virtualmin/ Webmin/ Usermin
SSH / FTP
1 x дедицирана IP адреса

Hybrid SX4

8 CPU, 60GB RAM, 800GB SSD
Virtualmin/ Webmin/ Usermin
SSH / FTP
1 x дедицирана IP адреса

Контакт

Контакт

емаил, тикет систем, социјални мрежи

Hybrid X

XX CPU, XXXGB RAM, XXTB SSD
Virtualmin/ Webmin/ Usermin
SSH / FTP
Дедицирани X x IP адреси

Понуда креирана според бараните потреби.

Discussion – 

0

Discussion – 

0

Дали вашата веб страна е брза? WordPress Оптимизација 1дел

Зошто оптимизацијата на вашата веб страна е многу важна, и какво влијание има вашиот хостинг провајдер врз брзината на веб страната?

Во денешно време на дигитализација и брзина на информација неможете да си дозволите да трошите беспотребно време на интернет. Ако вашата WordPress страна е бавна веднаш ќе ги осетите негативните последици од тоа:

  • зголемен „bounce rate“
  • намалување на конверзија на посетители
  • слаб рејтинг кај пребарувачите.

Да се има веб страна не значи да се инсталира WordPress, да се инсталира темплејт и да почне да се полни со содржина. Без правилна оптимизација и одржување на истата никогаш нема да знаете што би можеле да постигнете. Без разлика дали се работи за портал за вести, е-продавница, блог итн. една од најважните работи е да постигнете добар рејтинг на пребарувачите (како google) со што би добивале „органски“ трафик или посетители кои ќе ве најдат со пребарување, тоа е најдобриот трафик кој би го посакале. Без добра оптимизација а со тоа и добар рејтинг, вашата содржина никогаш нема да се прикаже или исфрли како резултат на пребарувач.

Што вели статистиката?

Најголемиот проблем е тоа што посетителите губат трпение и ја напуштаат вашата веб страна.

  • Повеќе од 50% од посетителите очекуваат веб страната да се лоадира за максимум 2 секунди
  • 40% од посетителите ќе ја напуштат веб страната ако се лоадира 3 или повеќе секунди
  • Секоја 1 секунда плус носи до намалување на конверзијата до 7% (многу важно ако се работи за е-продавница)

Можеби овие бројки се изненадување за Вас, но секако ја доловуваат суштината зошто треба да внимавате на оптимизација, брзина и стабилност. Брзината со која веб страната се лоадира е еден од клучните фактори за Google, кој се разбира дека сакате да биде на ваша страна .

Причини за бавна веб страна

Брзината на вашата веб страна, односно бавноста, зависи од два основни елемента?

  • Изработката на самата веб страна и нејзината оптимизација
  • Хостинг провајдерот, односно оптимизацијата на серверот на кој се наоѓа самата веб страна, кој во суштина е моторот кој ја движи

Како што напоменавме и погоре, инсталација на WordPress, со додавање на темплејт, без притоа да се обрне внимание на оптимизација и користење на правилните алатки, е огромна грешка која ќе ве чини многу.
Одбирањето пак на хостинг провајдерот, серверот на кој ќе постои вашата веб страна е еден од најважните фактори за брзината и стабилноста. Буџетот секогаш игра голема улога во изборот на хостинг провајдерот, но секако менаџиран WordPress хостинг (Managed WordPress Hosting) секогаш би бил прв избор доколку вашиот избор е квалитет!

Дали вашата веб страна е брза и квалитетно оптимизирана?

Постојат повеќе начини да утврдите дали вашата веб страна ги задоволува светските стандарди, стандардите на Google за брзина, оптимизација итн. Некои од нив се и овие бесплатни онлајн алатки, моментално и најдобри или најкористени, кои можат да ви дадат основни информации според кои би можеле да донесете заклучок за состојбата на вашата веб страна.

  1. GTmetrix.com


    Ако ова е тоа што ќе го добиете како резултат на GTmetrix тогаш имате одлично оптимизирана веб страна, но ако овој резултат е слаб тогаш треба веднаш да се погрижите околу оптимизирање .
  2. tools.Pingdom.com
    Ова е уште една алатка која можете да ја искористите. Резултатите од неа се слични како и од GTmetrix, треба да имате основни познавања околу поимите за да разберете добро што значи извештајот кој ќе го добиете.

Потребно е тестовите да ги направите барем 3 пати за да добиете што поточен просечен резултат од сите мерења.

Во наредните артикли во нашиот блог и наредните делови од серијата „WordPress оптимизација“, ќе ви објасниме како да ги подобрите вашите резултати.
Ние како Хибрид Хостинг ви нудиме бесплатна анализа на вашата веб страна, се што треба да направите е да се зачлените на нашиот Newsletter и да ни испратите мејл, барање, за бесплатна анализа на брзината и оптимизацијата на вашата веб страна.
Повеќе околу брзината, моќта и стабилноста на нашите сервери можете да прочитате тука.

 

 

Banks

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

No Results Found

The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

X
My cart
Your cart is empty.

Looks like you haven't made a choice yet.